„Мики Маус држава“: Џамбаски за пресудата за случајот „Пендиков“

Балкан, Македонија, Политика

Ослободителната пресуда од Основниот суд во Охрид за Борче Ангелов и Илија Спасески, кои Христијан Пендиков ги тужеше дека физички го нападнале и му нанеле тешки повреди, го инспирира потпретседателот на ВМРО-БНД и бивш бугарски европратеник Ангел Џамбаски по кој знае кој пат да се нафрли врз Македонија, не избирајќи навреди.

„Денешниот ден уште еднаш покажа дека насилството врз Бугарите во Северна Македонија е не само неказниво, туку и охрабрувано од срамната антибугарска влада во Мики Маус државата РСМ.

Ова е срамен чин за една кловновска држава, која тврди дека е правна. Одлука која јасно покажува зошто во РСМ никој не може да има доверба во судскиот систем. Неправда која објаснува зошто оваа земја останува и ќе остане толку далеку од Европската Унија.

Целосна поддршка за Христијан! Оваа варварска антибугарска држава не може да започне преговори за членство во ЕУ!
Да се ​​биде Бугарин не е кривично дело!“, порача на Фејсбук дежурниот антимакедонски мегафон на бугарската политичка сцена.