Општина Битола: Со јапонска поддршка унапредена училишната инфраструктура
Во ООУ „Св. Климент Охридски“ во Битола заврши реконструкцијата на дел од кровната конструкција, реализирана со финансиска поддршка од Амбасадата на Јапонија во вредност од 80.314 евра.
Донацијата придонесува за подобри и побезбедни услови во училиштето, како и за поквалитетна средина за одвивање на воспитно-образовниот процес.
Од училиштето посочуваат дека поддршката од Амбасадата на Јапонија, заедно со инвестициите на Општина Битола, има значаен придонес во унапредувањето на училишната инфраструктура и грижата за учениците и вработените.
На свеченоста по повод завршувањето на реконструкцијата присуствуваше заменик-градоначалничката на Битола, Марина Крстиќ.
