Четиригодишно дете е најмлад милионер во Македонија, заработува од дивиденда

Времето денес, Дали Знаете, Македонија

Најмладиот милионер во Македонија за 2025 година е четиригодишно дете, со остварен приход од еден милион денари од дивиденда. Најстариот пак е пензионер на 97 годишна возраст кој приходите ги остварил од пензија и други извори, покажуваат најновите податоци на Управата за јавни приходи.

Како што информира директорката на УЈП, Елена Петрова, минатата година се поднесени над 863.100 даночни пријави од граѓани или 10,6 отсто повеќе од 2024 година. Најголем дел од пријавите се поднесени во Скопје, по што следуваат Штип, Прилеп, Битола, Тетово и Струмица.

– Интересни се податоците за највисоките поединечни доходи. Највисоката годишна бруто плата изнесува 139,1 милиони денари, додека највисоката дивиденда е 252,6 милиони денари, а највисоката капитална добивка е 164,2 милиони денари. Највисокиот доход од самостојна дејност е 157,9 милиони денари. Кога станува збор за вкупен доход од сите извори, највисокиот доход во 2025 изнесува 257,5 милиони денари и го остварил граѓанин од Гевгелија преку плата, дивиденда и друг доход исплатен од една компанија. Следува граѓанин од Охрид со 254,4 милиони денари. Овие приходи покажуваат зошто е важно различните извори на доход да се разгледуваат заедно, а не изолирано, рече Петрова на брифинг со новинарите.

Најголем дел од доходот на граѓаните во 2025 година бил остварен од плати, а највисоката пријавена плата изнесувала 139 милиони денари и била исплатена во дејноста „Вадење камен и јаглен“.

Нешто под 190.000 евра месечно во бруто износ е највисоката плата која е исплатена во минатата 2025 година, покажува извештајот на УЈП. Станува збор за плата исплатена во секторот вадење камен јаглен. Оваа која на годишно ниво надминува 2,2 милиони евра е за околу 2% повисока од ланската највисока плата. Целиот топ 5 највисоки плати во Македонија е над 2 милиони евра годишно во бруто износ и сите се исплатени во Скопје. Станува збор за плати поделени во секторите Аптеки, трговија со тутун храна и пијалоци, болници и трговија со фармацевтски производи.

Најмногу пари надвор од плата, како дополнителен приход пријавил скопјанец кој лани инкасирал нешто под 2 милиони евра бруто на годишно ниво. Во Топ 5 има уште 3 годишни приходи над милион евра и еден од 42 милиони денари.

Најмногу приходи од дивидеднда пријавил гевгеличанец кој лани земал над 4 милиони евра. Слична сума пријавил и охриѓанец.

Лани, според извештајот на УЈП изготвени се 863.100 годишни даночни пријави, што е за близу 83.000 повеќе отколку во 2024 што е +10,6%
Утврдениот бруто приход е за 74,1 милијарди денари повисок (+13,8%), а утврдениот данок на личен доход за 4,9 милијарди денари (+13,9%).