Земјотрес утрово во Македонија

Дали Знаете, Македонија

Земјотрес со јачина од 2,5 степени е регистриран утрово во Македонија, со епицентар во подрачјето меѓу Македонски Брод и Крушево.

Според првичните податоци од апликација за следење на земјотреси, потресот се случил денеска, 17 октомври, во 10:15 часот, на длабочина од 15 километри, објави 4news.mk

Епицентарот бил лоциран во близина на населените места Пласница и Лажани, на координатите 41,435 степени северна географска ширина и 21,227 степени источна географска должина.

Станува збор за земјотрес со релативно мала магнитуда, кој може слабо да се почувствува од дел од населението во близина на епицентарот.

Засега нема информации за евентуални материјални штети.

Се очекуваат дополнителни податоци од надлежните сеизмолошки служби.