Оваа убавица беше најголемата љубов на Тоше Проески – помина низ пекол по неговата прерана смрт
Денеска, на 16 октомври, се навршуваат точно 19 години од трагичната сообраќајна несреќа во Хрватска во која го изгубивме нашиот ангел, легендарниот Тоше Проески.
Неговата прерана смрт го зави регионот во црно, а меѓу оние кои најтешко ја поднесоа оваа загуба беше неговата тогашна девојка и најголема љубов – познатата ракометарка Андријана Будимир.
Иако Тоше секогаш се трудеше својот приватен живот да го чува подалеку од очите на јавноста, врската со Андријана беше обележана со многу емоции, но и со шокантни настани што се случија по неговото заминување.
Последната порака од Тоше
Тоше и Андријана ја обновија својата романса на неговиот роденден, 25 јануари 2007 година, и живееја заедно во неговата вила во скопската населба Злокуќани, каде што Тоше имаше куќа. Тие планираа и венчавка, а Тоше со неа планираше и да основа семејство.

Токму нејзе му беше посветена и неговата последна порака испратена пред фаталната несреќа:
„Принцезо моја единствена, лепо ми пајки, па ќе те чувам во сон. Сè има смисла откако си повторно во мојот живот. Те сакам.“
Забраната да влегува во неговата куќа
Меѓутоа, по трагичниот погреб на легендарниот пејач, за Андријана започна вистинска голгота. Наместо мир во болката, таа се соочи со суровата реалност и се најде во незавидна ситуација.
Како што подоцна излезе на виделина, зетот на Тоше ѝ забранил да влегува во нивниот дом под изговор да не дојде во посед на неговите неиздадени албуми на англиски јазик и евентуално да се збогати.
Но, тука не беа завршени проблемите – Андријана мораше да помине низ дополнителен пекол бидејќи на суд мораше да докажува дека воопшто била во врска со пејачот, со оглед на тоа што тогашната менаџерка јавно ја оспорувала нивната романса и тврдела дека тие не биле заедно.
Покрај ова, по трагичниот настан Андријана отворено зборуваше и за тоа дека по секоја посета на неговиот гроб во Крушево завршувала во болница поради огромниот стрес и емоционален товар.
Каде е и што прави Андријана денес?
По долгогодишно повлекување од јавноста и соочување со траумите, Андријана успеа да најде мир и среќа. Таа се омажи за познат скопски угостител, со кој има два сина.
Таа денес е сопственичка на успешна школа за ракомет и работи како тренер на машки екипи, градејќи нов живот подалеку од медиумите, додека споменот за нејзината најголема младешка љубов ќе остане засекогаш врежан во сеќавањата на публиката.
