Протести во Софија, се бараат оставки од Јотова и Радев

Балкан, Политика

Демонстранти се собраа на мирни протести пред зградата на бугарската влада во Софија барајќи оставка од претседателката на државата Илијана Јотова и премиерот Румен Радев.

Според демонстрантите, претседателката Јотова и премиерот Радев не успеваат да се справат со ситуацијата што се појави во врска со бродовите погодени и потонати од беспилотни летала во бугарската економска поморска зона.

Порачаа дека цела европа знае дека ова се руски напади, „но само бугарскиот претседател и владата се преправаат дека не знаат“, објави БТА. Собраните скандираа „оставка“, „предавници“ и „затвор“.