Скопјани со европски став: Да има камери до новите контејнери и инспекторите да казнуваат несовесни граѓани
Мапирани се сите точки каде што треба да се постават, а веќе и се поставуваат, новите 3.300 контејнери низ Скопје, вели градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Минатата недела градот ја доби најголемата набавка на контејнери во историјата на градот, а веќе треба да пристигнат и новите камиони за собирање смет.
Скопјани сметаат дека е добро што се работи за поголема хигиена во градот, со оглед дека неодмна се реализираше акција за чистење на градот, а следна таква е најавена и за утре (среда), но истовремено жителите бараат и комунална инспекција која ќе ги казнува несовесните граѓани и видео надзор до новите контејнери, за да се избегне нивно кршење.
– Одличен потег и одлука што се отстранети контињерите од вело-патеките долж „Партизанска“, оценува скопјанец кој нагласува дека конечно се слободни вело стазите.
– Додека не се формира комунална инспекција кој парично ќе казнува пак ќе фрлаат ѓубре. Друга идеја затворениците да се ангажираат и да чистат, предлага друг скопјанец.
-И доколку постои можност, на сите места каде што има поставено контејнери за отпад да се постават камери за видеонадзор, со цел да се спречи нивното оштетување и вандализирање, апелира скопјанка на социјалните мрежи.
– Вакви акции за чистење треба преку викенд се прават.Во работен ден, младите се на училиште, алармира жителка на главниот град.
