Доаѓате со болки, си одите препоредени – во оваа бања нема кој не излекувал ‘рбет или нерви
Рибарска Бања претставува една од најпознатите и најуредените бањи во јужна Србија, која со децении претставува симбол за врвна здравствена рехабилитација, природна лековитост и одмор во прекрасен амбиент.
Од Скопје до Рибарска Бања со автомобил има околу 175 километри, а патувањето трае околу 2 часа и 15 минути, во зависност од сообраќајот и границата.
Сместена на благите падини на планината Јастребац, Рибарска Бања е вистински бисер на природата и здравјето, и лекува сè, од ревматизам до деформација на ‘рбетот.
Ноќевање за две лица во овој спа центар чини околу 2.500 денари.
На надморска височина од околу 540 метри, ова место ја комбинира убавината на недопрената планинска природа со богата историја и модерни велнес објекти.
Бањскиот центар е горд на своите шест термални извори со сулфурна минерална вода, чија температура достигнува до 41°C, додека чистиот планински воздух дополнително придонесува за чувството на релаксација и обнова. Со векови, ова место привлекува посетители – од Римјаните и благородничките династии до денешните туристи во потрага по одмор, здравје и душевен мир.
Зошто е толку посетувана?
Рибарска Бања е специјализиран медицински и рехабилитациски центар чии природни фактори (лековита термоминерална вода и лековита кал) се особено ефикасни во лекување, рехабилитација и превенција на следниве здравствени состојби:
Коскено-зглобни и ревматски заболувања
Дегенеративен рематизам: Артрози на зглобовите (колена, колкови, раменици) и спондилоза.
Вонзглобен рематизам: Заболувања на меките ткива, тетивите, мускулите и лигаментите (фибромијалгија, миозитис).
Постоперативни и посттрауматски состојби
Рехабилитација по скршени коски и повреди на коскениот систем.
Состојби по извршени хируршки зафати на зглобовите и ’рбетниот столб.
Рехабилитација по вградување на вештачки зглобови (кук, колено).
Невролошки заболувања
Одредени периферни невролошки оштетувања.
Состојби по полесни форми на мозочен удар (како дел од физикалната терапија и опоравување).
Ортопедски заболувања и деформитети
Корекција и третман на неправилно држење на телото кај помлади и возрасни (сколиози, кифози).
Во специјалната болница во Рибарска Бања овие состојби се третираат преку стручен медицински надзор користејќи дидротерапија (капење во базени и кади со термална вода чија температура е од 38 до 42 степени), пелоидотерапија (апликација на лековита кал на заболените места, како и физикална терапија, од електротерапија, кинезитерапија, до ласерска терапија, масотерапија итн.
