Тоневски: Спортскиот дух нема години – честитки за одличниот успех на пробиштипските пензионери

Македонија

Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, денеска ги пречека пробиштипските пензионери кои учествуваа на Републичките спортски натпревари на пензионерите од Македонија.

Претставниците на Здружението на пензионери од Пробиштип постигнаа одлични резултати, освојувајќи две златни и еден бронзен медал, како и две четврти награди.

Со овие резултати, Здружението на пензионери од Пробиштип го освои високото четврто место во генералниот пласман, во конкуренција на 53 здруженија од целата држава.

Тоневски истакна дека постигнатиот успех претставува повод за гордост за целиот Пробиштип, нагласувајќи дека спортскиот дух, упорноста и желбата за успех немаат возраст.

Посебно значајно, како што посочи градоначалникот, е што пензионерите преку своето учество придонесуваат за промоција на спортот, дружењето, здравите навики и активниот живот.

Тоневски им честиташе на сите учесници за постигнатите резултати и им се заблагодари што со својата посветеност и спортски дух го претставуваат Пробиштип во најдобро светло.