СЗО по смртниот случај во Сибир: Бараме одговор од Русија за можен втор случај
Светската здравствена организација соопшти дека не располага со целосни информации за ситуацијата во Русија по смртта на 28-годишна лабораториска работничка во Сибир минатата недела, за која постои сомневање дека починала од чума.
Дарја Шипилова починала два дена откако развила симптоми слични на настинка. Таа работела во Институтот за истражување против чума во Иркутск, а според некои извештаи се заразила по несреќа на работното место.
Руските власти негираат каква било поврзаност меѓу смртниот случај и институтот, тврдејќи дека Шипилова починала од „пневмонија со непозната етиологија“.
Сепак, надлежните воведоа строги мерки за карантин во лабораторијата каде што работела Шипилова, како и во блиските болници.
Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесу изјави дека СЗО побарало од Русија за „втор вработен со пневмонија од непознато потекло“.
„Сè уште немаме целосна слика за овој настан и не можеме да спроведеме сеопфатна проценка на ризикот“, рече тој. „Навременото, целосно и транспарентно споделување информации е од клучно значење за разјаснување на спротивставените извештаи и за точна проценка на потенцијалните ризици за јавноста“, додаде Тедрос. Бараме дополнителни појаснувања од руската влада во врска со непотврдените медиумски извештаи за „втор вработен со пневмонија од непознато потекло“. „Ги проверуваме сите извештаи што доаѓаат од заедницата“, рече тој. „Побаравме одговор од Русија во врска со ова и во моментов го очекуваме, изјави тој.
