Комуналец Прилеп со порака: Чиста Могила за уживање на сите
Парк-шумата Могила во Прилеп во моментов е чиста и уредна, информираат од ЈКП „Комуналец“ – Прилеп.
Од претпријатието упатија благодарност до граѓаните кои со своето однесување придонесуваат просторот да остане чист и пријатен за сите посетители.
Парк-шумата располага со нов дел од 26.000 квадратни метри, во кој се наоѓаат парк и спортски терени, додека дополнителни 16.000 квадратни метри се наоѓаат во шумскиот дел.
„Чисто е убаво! Уживајте!“, порачаа од ЈКП „Комуналец“ – Прилеп.
