Супер Ел Нињо ги менува прогнозите: Метеоролозите предупредуваат на студена зима и обилни врнежи од снег
Метеорологот Иван Ристиќ предупреди дека претстојната зима би можела да биде посурова и поснежна, поврзувајќи го тоа со влијанието на силниот Ел Нињо врз атмосферските модели над Атлантикот.
Според Ристиќ, циклоните што носат големи одмрзнувања во зима, наречени „зимски убијци“, често потекнуваат од областите каде што се формираат урагани, додека силниот Ел Нињо би ја ограничил тропската активност. Анализата на „Severe Weather Europe“ покажува дека октомвриските услови ќе бидат неповолни за развој на тропски системи во Атлантикот.
– Прогнозата за аномалијата на температурата на морето за октомври, дадена од NMME, покажува екстремно топла аномалија поврзана со Супер Ел Нињо. Во централниот дел од овие аномалии, температурите на морето надминуваат 5 степени над просекот, што одговара на многу силен Ел Нињо – рече Ристиќ.
Овој атмосферски модел според него може да резултира со повеќе студени и снежни периоди и помалку одмрзнувања. Оваа долгорочна проценка ќе биде прецизно дообликувана како што се приближуваат зимските месеци.
Тој го гледа токму таквиот модел како една од причините зошто претстојната зима би можела да донесе повеќе студени и снежни периоди, односно помалку зимски одмрзнувања што ги прекинуваат студените бранови.
Сепак, ова е долгорочна проценка, па затоа посигурна слика за карактерот на зимата ќе биде можна како што се приближуваме кон зимските месеци.
