Има надеж за иднината! Осум бебиња се родија на ГАК на јубилејниот „Осми септември“
Додека Македонија вчера го славеше Денот на независноста, на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје се славеа осум нови почетоци. Токму на празничниот ден на свет дојдоа осум бебиња – осум нови животи кои го донесоа најубавиот подарок за иднината.
Во денот кога државата го одбележуваше својот празник, породилиштето беше исполнето со радост, емоции и први детски плачови. Осум бебиња го направија својот прв здив токму на 8 Септември, датум кој за нивните семејства отсега ќе има уште поголемо значење.
Нивното раѓање на Денот на независноста носи и симболична порака – дека иднината на една земја се гради со новите генерации, со децата кои денес ги прават своите први чекори во животот.
Осум бебиња, осум приказни кои допрва треба да се напишат и осум нови причини за надеж дека Македонија ќе има свои генерации кои ќе ја градат нејзината иднина.
