Денес треба да направите една важна работа – ги славиме мачениците што никогаш не се откажаа од Христос

Дали Знаете, РЕЛИГИЈА

Овие мачпеници страдаа за верата, а еве што треба да направите денес за мир и духовно крепење!

Православните верници денеска го одбележуваат празникот посветен на Светите 45 маченици од Никопол Ерменски, кои во 319 година поднесоа страшни маки, но останаа непоколебливи во својата христијанска вера.

Храбриот одговор на Свети Леонтиј
Во времето на суровиот цар Ликиниј, кој владеел со источниот дел на империјата, започнало големо гонење на сите Христијани. Во градот Никопол Ерменски, Свети Леонтиј заедно со група свои пријатели храбро излегол пред царскиот намесник Лисиј и јавно исповедал дека се Христијани.

На прашањето од намесникот Лисиј:

„А каде е вашиот Христос? Не беше ли тој распнат и не умре ли?“, Свети Леонтиј му одговорил со моќни зборови:

„Штом знаеш дека нашиот Христос умре, знај и дека воскресна од мртвите и се вознесе на небото!“

По оваа жестока дебата за верата, Лисиј наредил да ги претепаат и да ги фрлат во темница, лишувајќи ги од храна и вода.

Сепак, благородната христијанка Власијана тајно им носела вода низ прозорецот од темницата, а Божји ангел им се јавил за да ги утеши и охрабри во нивната мака.

Чудото во темницата и суровата казна
За време на судењето се случило вистинско чудо — трогнати од нивната вера, дури и двајцата темничари и многу други присутни се обратиле во христијанство, со што вкупниот број на маченици се искачил точно на 45.

Судијата донел извонредно сурова одлука:

На сите 45 маченици прво со секира им биле отсечени рацете и нозете, а потоа, сите биле фрлени во распламтен оган. И покрај жестоките мачења, тие чесно постардаа и го наследија Царството Небесно.

Што треба да направите на денешниот ден?
Според традицијата, на овој ден треба да се присетиме на нивната жртва, непоколебливост и чиста вера. Верниците треба да појдат во црква, да запалат свеќа и да Му се помолат на Бога за здравје, спокој во домот и сила за надминување на сите животни искушенија.

Пренос на чесната риза на Господ Исус Христос
Во времето на страдањето на Господ Исус за човечкиот род, во одредот на римската војска во Ерусалим се наоѓаше и еден Грузиец Елиоз од градот Мцхет. Мајка му имаше слушнато за Христа и во срцето веруваше во Него. Кога го испрати сина си во војска во Палестина, го посоветува да не прави ништо против Христос. Кога беше Господ закован со клинци на крстот, звукот на чеканот на Голгота дојде до ушите на Елиозовата мајка во Мцхет. Штом го чу овој звук, таа возвикна:

„Тешко мене што не умрев пред ова време, смртта ќе ме избавеше од овој страшен звук!“ Го рече тоа и падна мртва.

Елиоз тогаш се наоѓаше под Крстот заедно со другите војници и фрлаше коцка за ризата Христова. На коцка ризата му падна нему, па тој ја донесе во Мцхет и ѝ ја подари на сестра си Сидонија.

Оваа пак кога слушна за смртта на Господ и за тоа дека брат ѝ учествувал во крвопролевањето на невиниот, падна мртва, држејќи го цврсто во своите раце хитонот на Господ. Никој не можеше да ѝ го истргне од рацете и беа принудени да ја погребаат заедно со хитонот. Од нејзиниот гроб изникна кедар од којшто течеше исцелително миро. По време кедарот падна и местото го заборавија. Го пронајде света Нина, на која ѝ помогна огнениот столб што се јави на нејзината молитва над тоа место. Кога се крсти царот Миријан таму им подигна црква на светите апостоли. Во 1625 година шахот Аббас ја зеде ризата и ја испрати на дар во Москва на кнезот Михаил Фјодорович и на патријархот Филарет. Ризата ја поставија во Успенскиот Собор во Москва.