Тоневски: Лесновската колонија ја зацврстува културната препознатливост на Пробиштип

Македонија

Тони Тоневски истакна дека Меѓународната Лесновска ликовна колонија претставува едно од најзначајните културни случувања во Пробиштип, кое со години ги обединува уметниците и го промовира културното наследство на Лесново.

Тоневски информираше дека ја посетил овогодишната колонија и остварил средби со учесниците, при што разговарал за нивната инспирација и творечкиот процес. Според него, уметниците инспирирани од духовноста и природните убавини на Лесново создаваат дела со трајна уметничка и културна вредност.

Тој нагласи дека Лесновската ликовна колонија претставува повеќе од уметнички настан, бидејќи таму се поврзуваат различни култури, се разменуваат идеи и се градат пријателства преку уметноста.

„Останувам цврсто посветен на поддршката на културата и уметноста, затоа што тие се еден од најважните столбови на развојот на секоја заедница и значаен дел од нашиот идентитет“, порача Тоневски.

Тој им се заблагодари на сите учесници за нивниот придонес во збогатувањето на колонијата и истакна дека нивните дела ќе останат трајно сведоштво за креативноста и инспирација за идните генерации.