Таткото на загинатиот тапанар од ДНК: „До кога ќе крадете од гробот на мојот син?“ – објави видео за да ја покаже мизеријата (ВИДЕО)
Емоционална и остра порака упати таткото на Георги Георгиев, член на музичката група ДНК, кој го загуби животот во трагичниот настан во дискотеката „Пулс“. Во објава на социјалните мрежи, тој изрази големо разочарување од однесувањето на поединци кои, како што тврди, во континуитет го оштетуваат и ограбуваат гробното место на неговиот син.
Според неговите зборови, последниот инцидент ја прелил чашата и го натерал јавно да реагира. Поради тоа, на својот Фејсбук-профил објавил фотографии и видео-снимка на кои, како што наведува, може да се види жена која без двоумење зема предмети од гробот.
„До кога ќе крадете од гробот на мојот син?“, прашува револтирано таткото на Георгиев, посочувајќи дека ваквите постапки претставуваат дополнителна болка за семејството кое и понатаму се справува со загубата. Целосната видео-снимка која ја објави на социјалните мрежи можете да ја погледнете на линкот во продолжение.
