Кандидати за списокот на изгорени од министерот Тошковски (ВИДЕО)

Македонија

Видео докази за луѓе за кои министерот за внатрешни работи рече дека ќе ги ,,изгори”. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски кој ја отвори темата со моторџиите доби поддршка во обидот да се зголеми безбедноста во соовраќајот.

Министерот Панче Тошковски сериозно се закани дека ќе ги запре оние што глумат Ф1 на улиците – возење на едно тркало, без кацига, дивеење низ градот.

Ќе останат и без мотори, рече министерот кој најави дека овие лица: „Ќе ги изгориме!“.

Сега тој доби видео докази за луѓето за кои зборуваше.