Познато е кога ќе биде исплатена мајската пензија – следува и ново покачување на пензиите во Македонија, еве кога?
Следниот понеделник на 1. јуни 2026 е законскиот рок според кој македонските пензионери редовно ќе ја добијат мајската пензија. Сепак праксата покажува дека некои општествено одговорни банки пензијата ја исплаќаат порано, па така може да се очекува и овој пат, со оглед дека доаѓа продолжен викенд бидејќи петок е неработен ден за православните христијани.
Инаку изминатиот период пензиите беа зголемени во 4 наврати и тоа два пати по 2.500 денари и два пати линеарно по 1.000 денари, односно вкупно 7.000 денари за две години.
Следното покачување согласно законот веќе е планирано за септемвриската пензија, која ќе биде исплатена во октомври.
