НАЈНОВА ВЕСТ: Од полноќ големо поевтинување на дизелот – еве за колку денари

ЕКОНОМИЈА / ФИНАНСИИ

Регулаторна комисија за енергетика денеска треба да ја донесе новата одлука за малопродажните цени на бензините и дизелот, која ќе стапи во сила од полноќ. Граѓаните очекуваат дали ќе има ново поскапување на горивата или конечно стабилизирање на цените, по неколкуте последователни корекции во изминатиот период. Минатата недела бензините и дизелот повторно поскапеа, што дополнително влијаеше врз трошоците за транспорт и секојдневните расходи.

Одлуките за новите цени традиционално се објавуваат во понеделник, а промените почнуваат да важат од 00 часот.

Движењата на светските пазари и натаму имаат силно влијание врз домашниот пазар на горива. Осцилациите на цената на суровата нафта се поврзуваат со глобалната неизвесност и случувањата на Блискиот Исток, како и со стравувањата од можни проблеми во снабдувањето.

Од Владата посочуваат дека состојбата внимателно се следи и дека остануваат во сила мерките и договорените попусти со ОКТА, кои треба да важат до средината на месецот.