Омерагиќ: Фудбалот ја продолжува приказната за пријателство меѓу Македонија и БиХ
Во пресрет на натпреварот против Босна и Херцеговина, кој ќе се одигра на 29 мај во Сараево, во „Куќа на фудбалот“ се одржа средба со амбасадорот Драган Јаќимовиќ.
Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, по средбата истакна дека разговорите поминале во пријатна и спортска атмосфера, со акцент на фудбалот, пријателството и долгогодишните добри односи меѓу двете земји.
„Очекувањата се позитивни, со полни трибини и атмосфера каква што доликува на еден ваков натпревар“, порача Омерагиќ.
Натпреварот во Сараево се очекува да привлече големо внимание и од двете страни.
