Проданоски: Поддршката за лицата со Даунов синдром е наша заедничка обврска

Македонија

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, упати порака за поддршка до сите лица кои живеат со Даунов синдром, нагласувајќи дека секој човек носи своја вредност, своја приказна и има свое место во заедницата.

Тој истакна дека денес се испраќа силна порака за прифаќање и разбирање како основа за градење здраво и инклузивно општество, потенцирајќи ја важноста од поддршката на локално и национално ниво.

„Како локална самоуправа, остануваме посветени на креирање услови во кои секој има еднаква шанса да напредува и да живее достоинствено“, порача Проданоски.

 

Воедно, тој додаде дека напорите ќе продолжат во насока на создавање општество со повеќе емпатија, солидарност и вистински вредности, каде секој граѓанин ќе се чувствува прифатен и почитуван.