Тлото во регионот не мирува – повеќе послаби земјотреси регистрирани во текот на ноќта

Дали Знаете, Македонија, СКОПЈЕ

По синоќешниот земјотрес со магнитуда од 4.6 степени, чиишто епицентар беше на територијата на Косово и беше почувствуван и во земјава, сеизмичката активност во поширокиот регион продолжила и во текот на ноќта.

Според достапните податоци од меѓународните сеизмолошки служби, регистрирани се повеќе послаби земјотреси во Турција и Грција, како и во Егејското Море.

Во 06:37 часот е евидентиран земјотрес со магнитуда од 2.0 степени во западна Турција, а претходно, во 06:25 часот, земјотрес со магнитуда од 2.8 степени бил регистриран во Грција. Во 06:21 часот следел земјотрес од 2.3 степени во источна Турција.

Во текот на ноќта, во 05:05 часот бил регистриран земјотрес со магнитуда од 0.9 степени во централна Турција, во 05:21 часот земјотрес од 2.0 степени во близина на западниот брег на Турција, а во 05:01 часот потрес од 1.2 степени повторно во западна Турција.

Претходно, во 04:24 часот, земјотрес со магнитуда од 2.8 степени бил регистриран на Крит, Грција, во 03:46 часот земјотрес од 1.6 степени во Егејското Море, а во 03:28 часот уште еден послаб земјотрес од 1.4 степени во западна Турција.

Станува збор за земјотреси со ниска до умерена магнитуда, кои вообичаено не предизвикуваат материјални штети, но укажуваат дека регионот и натаму е сеизмички активен.