„НИШТО СТРАШНО, ШАРА СЕ ИЗВИШУВА“: Професорот Милевски смирува по земјотресот во Скопје
По силниот земјотрес што вечерва ги вознемири граѓаните, професорот Ивица Милевски од Природно-математичкиот факултет (ПМФ) излезе со смирувачка порака и научно објаснување за потресот. Тој истакна дека нема место за паника, туку се работи за природен геолошки процес на „немирната“ Шар Планина.
Планината пораснала „одеднаш“ Милевски објасни дека земјотресот е резултат на тектонските движења со кои планината продолжува да се издигнува, објави 4news.mk
Тектонско поместување:
Со овој потрес, планината се извишила, можеби само за десетина милиметри.
Значајна промена: Иако звучи малку, професорот напоменува дека кога тоа ќе се случи одеднаш, „и не е малку“.
„Нека си тера таа, ние да одмориме“
Професорот упати порака до граѓаните да бидат спокојни, бидејќи се работи за процес што трае милиони години.
