Васил Гарванлиев го прослави Божиќ со саканиот Џејсон во Чикаго (Фото)

Дали Знаете, Забава

Македонскиот пејач Васил Гарванлиев, кој веќе неколку години живее и работи во Чикаго, годинава католичкиот Божиќ го прослави во интимна, семејна атмосфера, заедно со сопругот Џејсон и нивните верни миленици, пренесува Гламур.

На социјалните мрежи Васил сподели фотографии од празнично украсениот дом, кој зрачи со топлина и празничен дух. Во просторот се истакнуваат две елки со различен карактер – едната доминира со впечатливи црвени машни и класичен божиќен стил, додека другата е во минималистички тонови, украсена со бели и неколку црни лампиони.

Посебен шарм на фотографиите им дава моментот во кој Васил и Џејсон се облечени во исти зелени пижами, а празничната сцена е заокружена со присуството на нивните две кучиња и мачката, кои станаа дел од семејниот божиќен портрет.

Во пораката што ја испрати до следбениците, пејачот ја нагласи благодарноста за луѓето кои се дел од нивниот живот и ја сподели радоста од овој посебен период од годината.

„Немам зборови… колку е вредна оваа слика и колку сме благодарни на секој еден од вас што е дел од нашите животи. Ви посакуваме прекрасна празнична сезона“, напиша Васил.