„Мигранти нема да има во Македонија“ – ВМРО-ДПМНЕ со категоричен став!
ВМРО-ДПМНЕ и денеска категорично ги отфрли тврдењата на СДСМ дека во земјата се подготвуваат аранжмани за прифаќање мигранти, оценувајќи дека опозициската партија „секојдневно ја бомбардира јавноста со исти невистини“.
Од владејачката партија реагираат дека СДСМ, „како расипана плоча“, повторува обвинувања кои веќе биле демантирани и од ВМРО-ДПМНЕ и од премиерот Христијан Мицкоски.
„Секој ден исто – лажни вести, шпекулации и обиди да се создаде паника. СДСМ е без идеја, без програма и без аргументирана критика, па затоа повторува теми кои немаат врска со реалноста,“ порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.
Во соопштението се нагласува дека ставот на владината коалиција е недвосмислен и непроменет: „Мигранти во Македонија нема да има.“
Од партијата предупредуваат дека опозицијата, според нив, свесно шири дезинформации за да добие медиумско внимание во пресрет на клучни политички процеси. објави Скопје1.мк
