Ристовски оствари средба со амбасадорот на Катар за унапредување на спортската соработка
Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска оствари протоколарна средба со вршителот на должност амбасадор на Државата Катар, Н.Е. Рашид Бин Саид Ал-Хајарин.
На средбата беше разговарано за унапредување на билатералната соработка во областа на спортот, како и за можностите за развој на заеднички иницијативи меѓу двете земји.
Двајцата соговорници разменија искуства и добри практики од спортските системи на Македонија и Катар, со посебен акцент на спортската инфраструктура и современите модели на организација и финансирање на спортот.
Министерот Ристовски истакна дека Министерството за спорт останува отворено за продлабочување на меѓународната соработка со земји кои имаат развиени спортски програми и силни инвестиции во спортот, со цел преку соработка да се придонесе кон понатамошен развој на македонскиот спорт.
Двете страни се согласија дека постои значаен потенцијал за нови партнерства и размена на знаења кои ќе резултираат со конкретни активности во наредниот период.
