Жестока расправија помеѓу Спасен Силјаноски и Благојчо од Кочани (ВИДЕО)
Спасен Силјановски објави дека е жртва на континуирано вознемирување, измами и клевети од лице познато во јавноста како „Брлкот“, со кое се судрил откако одбил да му даде финансиска помош. Ситуацијата ескалирала додека не била објавена фотографија од синот на Силјановски, што предизвикало негова остра реакција.
Силјановски наведе дека пред еден месец лицето го контактирало барајќи пари за рехабилитација. По претходни информации од други лица кои тврделе дека биле измамени и дека парите не биле вратени, Силјановски одлучил да не пружи финансиска помош.
По одбивањето, Силјановски тврди дека лицето започнало со постојани телефонски повици и објавување статуси на социјалните мрежи со „невистини, навреди и измислени клевети“.
Кулминацијата, која ја преминала „црвената линија“, настанала кога лицето објавило слика со неговиот син.
„Што се однесува лично до мене можам да истрпам до одредени граници да читам навреди од болни и фрустрирани луѓе и да ги игнорирам. Но, кој се чепна со моето семејство, посебно со моите деца, ќе биде строго казнет, нема закон кој што ќе го заштити. Лично јас ќе те КАЗНАМ, а како јас си знам“, порача Силјановски.
