И го скршил черепот, па ја сечел на делови – ОЈО бара притвор за 74 годишниот штипјанец за ужасното убиство

Македонија, Хроника

Јавниот обвинител процени дека во конкретниот случај постои опасност од бегство, но и можност осомничениот да ги сокрие трагите од кривичното дело, па до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор.

Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, осомничено за кривично дело – Убиство согласно член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик.

Осомничениот 74-годишник, при вршење семејно насилство, лишил од живот жена со која биле во блиски лични односи, така што со тврд предмет и задал повеќе удари во главата, кршејќи и го черепот. Потоа, со остар предмет пресекол делови од телото и ги сокрил на непознато место, а трупот го закопал во дворот од куќата, соопштина од Обвинителството.