„Кој е Следен?“ го обви споменикот „Олимпија“ во црно: „Болката на Кочани мора да ја почувствуваме сите“

Дали Знаете, Живот

Движењето „Кој е Следен?“ денеска спроведе герила-акција на споменикот на Олимпија во центарот на Скопје, обвивајќи го во црно, објави 4NEWS.mk

Како што информираат од движењето, целта е „симболично да се претстави црнината што мајките на децата во Кочани ја носат последниве 8 месеци“. Оваа акција, воедно, е и повик до жителите на Скопје да се приклучат на солидарниот марш што го организира Здружението „16 март“, објави 4NEWS.mk

Маршот е закажан за оваа сабота, 15 ноември, со зборно место на Плоштадот Македонија во 12:05 часот. „Маршот на ангелите“, како што е најавен, ќе продолжи кон Собранието и ќе заврши пред Основниот кривичен суд во Скопје.

Целта на маршот е да се повика на правично судење за „масакрот во Кочани“, чие судско рочиште треба да започне на 19 ноември, објави 4NEWS.mk

„Болката на Кочани мора да ја почувствуваме сите. Не смееме да дозволиме семејствата да маршираат сами, додека ние си продолжуваме со нашиот секојдневен живот. Тие мора да знаат дека сме заедно во оваа борба, од која никогаш нема да се откажеме,“ се вели во соопштението на „Кој е Следен?“.

Од движењето апелираат за масовна поддршка со цел да ги потсетат граѓаните дека „нема да престанат да вршат притисок и да се залагаат за правда за сите жртви на системскиот колапс“, објави 4NEWS.mk