„Секој граѓанин е важен“ – Тоневски на стартот на мандатот во Пробиштип

Македонија, Политика

Со голема чест и одговорност, Тони Тоневски ја презеде функцијата градоначалник на Општина Пробиштип, нагласувајќи дека оваа позиција не е привилегија, туку обврска која се носи со посветеност и почит кон сите граѓани.

„Довербата што ми ја укажавте е моја најголема мотивација и обврска да работам чесно, транспарентно и посветено за доброто на сите граѓани и за секое делче од општината“, истакна Тоневски.

Новото раководство најавува период на конкретни промени, реализирање проекти и постигнување видливи резултати, со фокус на соработка со граѓаните, стручноста на администрацијата и конструктивноста на советниците.

„Верувам дека секоја вистинска промена започнува со љубов и посветеност кон местото каде што живееме. Следува период на промени, проекти и резултати – за Пробиштип каков што го заслужуваме“, порача градоначалникот.