Меџити: Урбаната трансформација во Чаир не запира
Во општина Чаир денеска завршува реконструкцијата на улицата бр. 9 на булевар „Мидхат Фрашери“, со поставување на завршниот слој асфалт. Ова е само еден од шесте инфраструктурни проекти кои паралелно се реализираат во овој дел од општината.

Паралелно со овие работи, продолжуваат и активностите на улицата бр. 3, со што, како што истакнуваат од општината, се одржува континуитетот во урбаното унапредување и подобрувањето на условите за живеење.

„Нови улици, подобри услови, поубави населби за граѓаните. Тоа е стандардот по кој работиме и кој секојдневно го менува Чаир,“ изјави градоначалникот на општина Чаир, Изет Меџити.




