Тони Коњановски убедливо води во трката за градоначалник на Битола

Македонија, Политика

Според неофицијални податоци од партиски извори, Тони Коњановски води убедливо во трката за градоначалник на Битола. Од обработени 163 избирачки места од вкупно 170, Коњановски освои 51% од гласовите, што изнесува приближно 17.800 гласачи.

Далеку зад него се Габриела Илиевска од Поинаку со помалку од 7.600 гласови, Методија Куновски од СДСМ со околу 5.800 гласови, и независниот кандидат Зоран Николовски со 630 гласови.

Резултатите укажуваат на убедливо водство на Коњановски, кој според партиските извори, е најблизок до освојување на градоначалничката позиција.