Во недела Прилеп одлучува – Продановски повикува на масовна излезност
Кандидатот за градоначалник на Општина Прилеп, Дејан Продановски, упати повик до граѓаните на претстојните избори во недела, 19 октомври, да го дадат својот глас за визија на развој и напредок на градот.
„Во недела одлучуваме за иднината на Прилеп. Со работа, визија и посветеност градиме град што се движи напред, со нови улици, паркови, училишта и проекти за сите генерации“, порача Продановски.
Тој ги повика прилепчани масовно да излезат на гласање и да го поддржат број 9, како што рече, „за да го направиме вистинскиот избор“.
Повеќе информации за неговата програма и плановите за развој на Прилеп се достапни на официјалната страница www.dejanprodanoski.mk.
