Српски криминални групи регрутираат млади Македонци: За суми од 20.000 до

Македонија, Хроника

Смртта на млад скопјанец во Белград ги размрда разузнавачките служби да постапуваат по сознанија кои веќе ги имале одреден период, а тоа е дека неколкумина млади момчиња, на возраст од 18 до 22 години, наводно биле регрутирани од криминални банди во Србија.

Информации за Фокус говорат дека тоа се млади, најчесто со криминални досиеја, или со пороци, како дрога и коцкање. Според изворот на „Фокус“, регрутацијата ја вршат двајца посредници, од кои едниот бил позната јавна личност.