Си ја предвидоа ли судбината со песна? Музиката и хуманоста им беше заедничка на Тоше, Андреј, Панчо…
Една деценија и осум години, а боли исто, па и повеќе секој следен 16. октомври. Овој датум потсетува на болката и вечно актуелното прашање – зошто добрите, хуманите и луѓето кои се повеќе од обични мора да го напуштат овој неправеден, полн болка и зло, овоземен свет!
Годинава, боли се чини и повеќе! Се сеќаваме на нашиот Тоше Проески кој загина на денешен ден пред 18 години во кобна сообраќајна несреќа во Хрватска, а денеска во вечноста ќе биде испратен и Панчо, исто така музичар со големо срце! Претходно се збогувавме со Андреј од ДНК. Музиката и хуманоста им беа заедничка особина сите тројца талентирани музичари за кои нема време, зборови и простор кои може да понудат утеха… Само виси во воздух прашањето „Зошто мора вака?“…
Фановите не забораваат. Се сеќаваат на нивната музика, но и на нивата хуманитарна мисија! Она што дава дополнителен емоционален „товар“ се зборовите во нивните песни испеани токму пред смртта – таа кобна мистерија поради која никогаш нема веќе заеднички да пееме!
Панчо ќе биде испратен на истиот ден кога почина Тоше…колку симболика кога и двајцата беа толку хумани.
Многу тажно ми е сето ова..не знам на кој не би му било..ама стварно и Тоше и Андреј и Панчо како да си ја предвидоа судбината со песните.
Не можам да верувам, премногу е Тоше, Андреј, Панчо и сите ангели млади што загинаа… Верујте кнедла имам голема у грлово и не можам да си објаснам оваа проклетија,чиви гревови отплаќа нашата генерацаија??..што карма е, што судба е тука што не ништи полека еден по еден.
