Пропадна дел од ескалаторот во „Веро Џамбо“ – ова е страшно, за жал никаде веќе не сме сигурни (ВИДЕО)

Хроника

Во трговскиот центар „Веро Џамбо“ во Скопје деновиве се случи несреќен инцидент кога дел од ескалаторот одеднаш пропаднал во присуство на посетители.

На социјалните мрежи беше објавено видео на кое се гледа како металните скали од ескалаторот пукаат и се одвојуваат, што предизвика момент на вознемиреност кај присутните граѓани. Според сведоштвото на лицето што го снимило видеото, инцидентот се случил ненадејно и без претходни знаци на дефект.

„Ова е страшно, за жал никаде веќе не сме сигурни. Ова ми се случи денес во Џамбо – одеднаш испукаа скалите на ескалаторот, а јас бев само чекор напред,“ напишала граѓанката во својата објава.

Според досегашните информации, нема повредени лица, но настанот предизвика голем страв и реакции меѓу посетителите. Дел од граѓаните коментираат дека ваквите случаи повторно ја отвораат темата за безбедноста во јавните простори.

Од трговскиот центар засега нема официјално соопштение во врска со инцидентот.