„Киро Крстески – Платник“ ќе добие нов сјај – проект на Проданоски

Македонија, Политика

Кандидатот за градоначалник на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, ја претстави својата визија за хуман и инклузивен град преку конкретен проект насочен кон највозрасните сограѓани.

„Нашата програма се темели на реални и остварливи проекти кои носат подобар живот за сите граѓани. Веруваме дека секој човек заслужува грижа и почит, особено нашите повозрасни сограѓани, кои го оставиле својот труд и срце во оваа заедница“, истакна Проданоски.

Тој со гордост ја најави реконструкцијата на старскиот дом „Киро Крстески – Платник“, проект кој има за цел да обезбеди достоинствени услови за живот, топлина и сигурност за жителите на домот.

 

Проданоски нагласи дека овој проект е дел од пошироката визија за Прилеп како град што се грижи за сите генерации, каде што секој граѓанин се чувствува вреднуван и почитуван.

„Сакаме да покажеме дека вистинската политика е човечноста – грижата за луѓето, за нивните потреби и за нивното достоинство“, порача тој.