Македонија пред голем предизвик против Белгија на гости, ова е денот „Д“ за остварување на светскиот сон (ВИДЕО)
Македонската фудбалска репрезентација вечерва игра важен меч во квалификациите за СП 2026 против фаворитот во групата, Белгија.
Македонските фудбалери со оптимизам отпатуваа за Гент, каде го играат шестиот натпревар од групата. Како што велат тие, ова е еден од најважните натпревари во поновата фудбалска историја. Со поволен резултат од ова гостување би се зголемиле шансите за историски пласман на едно Светско првенство.
Потсетување дека на првиот натпревар во Скопје, Македонските фудбалери одиграа храбро и освоија бод со резултатот 1:1.
Во моментов, Македонија е на првото место во групата, со три победи и две реми средби, додека Белгија е на второто место со 10 бода, но со натпревар помалку.
Инфо за македонската ,,фаланга”
Фудбалската федерација на Македонија ги информира сите навивачи дека пред натпреварот Белгија – Македонија ќе биде организирана официјална фан-зона за македонските навивачи.
Македонија ја посакува првата победа над ,,ѓаволите”
Низ историјата, сениорските репрезентации на Македонија и Белгија имаат одиграно 4 натпревари, од кои едно реми и три порази за нашата репрезентација.
Во прилог видеа од двете гостувања на македонската селекција во Белгија:
Дуелот меѓу Белгија и Македонија што ќе почне од 20.45 часот може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ и низ тв предност на МРТ.




