Божиновска најави законска заштита за уникатниот македонски рубин

ЕКОНОМИЈА / ФИНАНСИИ, Македонија

Министерката за енергетика, Сања Божиновска, денес најави предлог-закон за конзервација на македонскиот рубин, со цел овој уникатен минерал да добие формален статус како национално минералошко богатство.

„Нашата амбиција е рубинот да добие законска гаранција за автентичност и да стане препознатлив бренд на Македонија,“ истакна Божиновска на прес-конференција со новинарите.

Македонскиот рубин се смета за ретка природна појава во Европа, бидејќи егзистира само на територијата на нашата земја. Тој е спореден производ од мермер и во моментов се користи главно за изработка на украсни предмети.

 

Министерката подвлече дека со заштитата на рубинот ќе се промовира македонската минералошка традиција и ќе се создаде нов бренд кој ќе ја истакнува уникатноста на националното природно богатство.