
Средба на Коњановски со Здружението на пензионери: Заедно до подобар квалитет на живот
Кандидатот за градоначалник на Општина Битола, Тони Коњановски, оствари средба со претставниците на Здружението на пензионери од Битола, на која се разговараше за актуелните предизвици и потреби на оваа категорија граѓани, како и за мерките што ќе придонесат за подобар квалитет на нивниот живот.

Во пријатна и конструктивна атмосфера, Коњановски истакна дека пензионерите се генерација што дала многу за развојот на заедницата и затоа заслужуваат посебно внимание и грижа.

„Пензионерите се темелот на нашето општество. Нивниот труд и искуство се непроценливи, а нашата обврска е да им овозможиме достоинствен живот, активно учество во заедницата и пристап до социјални и културни содржини,“ рече Коњановски.
Тој додаде дека локалната самоуправа ќе продолжи со спроведување активности и проекти насочени кон создавање подобри услови за живот на постарите сограѓани, преку поддршка на здруженијата, унапредување на социјалните услуги и поттикнување на генерациска поврзаност во општеството.