
ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Променливо облачно со повремен дожд и засилен северен ветер
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а кон крајот на денот врнежите насекаде ќе престанат, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, локално со брзина над 60 километри на час. Минималната температура ќе се движи од 6 до 13 степени, а максималната ќе достигне од 8 до 16 степени.
Во Скопје ќе преовладува претежно облачно време со повремен дожд. Ќе дува умерен, а во делови од котлината и засилен северен ветер. Температурите ќе се движат од 12 до 14 степени.
Според прогнозата на УХМР, од четврток се очекува стабилно и суво време со слаб до умерен северен ветер, а дневните температури постепено ќе бидат во пораст.