Проданоски ја најавува трансформацијата на градската река во Прилеп

Македонија, Политика

Кандидатот за градоначалник на Прилеп, Дејан Проданоски, најави амбициозен проект за ревитализација на градската река, со цел таа да стане современ и функционален јавен простор за сите генерации.

На површина од повеќе од 14 хектари, проектот предвидува изградба на пешачки и велосипедски патеки, кејски ѕидови, урбана опрема, клупи и современо осветлување.

„Градската река ќе стане симбол на новиот Прилеп, место каде природата и урбаната убавина се спојуваат, и каде децата ќе растат во чист и безбеден град“, истакна Проданоски.

 

Проектот е дел од програмата на кандидатот за создавање модерна и пријатна урбана средина, која ќе ја зголеми квалитетот на животот во Прилеп.

Видеото може да го погледнете тука