
Ѓорѓиевски со 90% спроведена програма – рекорд за општина Кисела Вода
Кандидатот за градоначалник на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, во гостување во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 истакна дека во својот мандат во Општина Кисела Вода остварил 90% реализација на програмата, што, како што рече, претставува историски успех.
„Во последните десетици години ниту една локална администрација не успеала да постигне толку висока реализација. Ова е доказ дека со посветеност и одговорност може да се направи многу за граѓаните“, нагласи Ѓорѓиевски.
Тој додаде дека искуството и резултатите од Кисела Вода се силна основа за да ја преземе одговорноста за главниот град и да понуди нова визија за развој на Скопје.
„Она што го направивме во Кисела Вода е потврда дека знаеме како, и дека можеме да донесеме промени и во Скопје“, изјави Ѓорѓиевски.