Македонија U18 покажаа карактер, Трајков одбрани пенал за 2:2 против Словачка

Македонија, Политика

Македонската репрезентација до 18 години одигра 2:2 против Словачка во контролен натпревар во Братислава.

Селекторот Димитар Капинковски го предводеше тимот, а головите за Македонија ги постигнаа Мустафи во 26. минута и Иљази во 44. минута, со што нашата селекција замина на полувреме со предност од 2:1. Во продолжението, голманот Трајков одбрани пенал и беше еден од клучните за конечниот позитивен резултат.