Тоневски: Нови патишта, инвестиции и долгорочен развој за општина Пробиштип

Македонија, Политика

Кандидатот за градоначалник на општина Пробиштип, Тони Тоневски, им се обрати на жителите на градот со порака дека овие избори се заедничка приказна за „вистинскиот избор“ – за подобра инфраструктура, нови работни места, чиста животна средина и поквалитетен живот за сите генерации.

Тоневски нагласи дека неговата програма е изградена врз реални и издржани проекти кои гарантираат долгорочен развој и сигурна иднина за Пробиштип.

„Сите проекти имаат силна поддршка од Владата, што е гаранција за стабилно финансирање и институционална сигурност,“ истакна Тоневски.

 

Тој ги повика граѓаните да се запознаат со програмата и планот за „новиот Пробиштип“, нагласувајќи дека иднината на општината може да се гради само преку заедничка посветеност и поддршка.

Програмата на Тони Тоевски за Пробиштип