Меџити за митингот на ДУИ: Говорот на Ахмети е знак за крај на ерата на ДУИ

Македонија, Политика

Кандидатот на коалицијата ВЛЕН за градоначалник на општина Чаир, Изет Меџити, митингот на ДУИ, го оцени како настан што го означува крајот на политичката кариера на лидерот на партијата, Али Ахмети.

Меџити посочи дека говорите и пораките од митингот не претставуваат демонстрација на сила, туку напротив – знак на слабеење на позициите на ДУИ.

„Настанот во „Борис Трајковски“ не е само митинг, туку јасен показател за крај на една ера“ изјави тој.

Според него, јавниот настап на Ахмети и неговите најблиски соработници е доказ за партија која се обидува да го задржи влијанието, но веќе нема поддршка како порано. Меџити истакна дека преку овие настапи граѓаните сами ќе ја препознаат разликата меѓу „старото“ и „новото“ во политиката. – Скопје1.мк