
Мизерија од невидени размери: Нови обиди за потпалувања во Аеродром – уапсени се две лица од Трубарево
Двајца жители на скопското село Трубарево се лишени од слобода поради сомнение за кривично дело „предизвикување општа опасност“.
Инцидентот се случил на 28 септември 2025 година околу 12:30 часот во парк на булевар „Февруарски поход“ во Аеродром. Вработен од Општината пријавил дека две лица палат кабли, по што на местото излегла полициска екипа од Полициската станица Аеродром и ги затекнала и привела осомничените Т.М. (23) и И.М. (26).
Тие се задржани во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна кривична пријава. – Скопје1.мк