Мерење на ѕвезден статус во студиото на Пинк: Карлеуша ја понижи Вики – Ти не си ѕвезда!

Сцена

Првите епизоди од музичкото натпреварување „Пинкови ѕвезди“ веќе се снимени, а наскоро ќе бидат и емитувани на телевизија „Пинк“.

Сепак, вниманието на јавноста го привлече жирито, кое изгледа дека реши уште од самиот почеток да крене прашина, па веднаш започнаа со потбоцнувања и кавги.

Пејачките Јелена Карлеуша и Вики Миљковиќ имаа судир уште во првата емисија, а сето тоа се случило поради еден кандидат.

– Ние овде бираме ѕвезда, а не продавачки на квадрати – остро порачала Јелена Карлеуша за време на изборот на кандидатите, алудирајќи на професијата на една кандидатка, па Вики не останала должна:

– Извини, те молам … А зошто да не може човек да биде ѕвезда и да продава недвижности?

– А зошто ти, Вики, не си ѕвезда? – иронично возврати Јелена Карлеуша, што беше искра што ја разгоре расправата.

– Јас за тебе сум ѕвезда пар екселанс! Кога би имала толку хитови колку што имам јас … ѝ возвратила Вики Миљковиќ.

Во расправата се вмешал и раперот Десингерица, што дополнително ја подгреал целата ситуација.

Како завршила кавгата, останува да видиме оваа сабота, 20 септември, кога во 21 часот ќе се емитува првата епизода на телевизија „Пинк“.