
Променливо облачно време, во текот на ноќта ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи
Променливо облачно и топло со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд (над 20 l/m²) и засилен ветер се очекуваат во текот на ноќта, особено во источните делови.
Во Скопје, променливо облачно и топло со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во вечерните часови и во текот на ноќта во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.