Снимки од утринава: пожарот во Трубарево е под контрола, спасени околни објекти (ВИДЕО)

СКОПЈЕ, Хроника

Пожарот што вчера избувна во магацин за отпад во скопската населба Трубарево е ставен под целосна контрола, информира директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов. Според него, активно горење повеќе нема, но сѐ уште има силно чадење кое се пробива низ земјата и песокот на затрупаните делови, а останува да се дозатрупа уште еден дел од опожарената површина.

Ангелов објави дека деталите ги пренесува преку видео-изјава снимена на самото место, додавајќи дека благодарение на брзата и пожртвувана реакција на скопските пожарникари и добро организираната акција, успеале да спасат неколку објекти чии дворови, но и самите објекти, биле полни со пластичен отпад.